Релативно сончев четврток со мала облачност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој декемвриски четврток во Македонија носи релативно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност кои во текот на денот ќе се намалат.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени. Маврово 11, Охрид 9, Битола 10, Крива Паланка 9, Берово 11, Кавадарци 10, Дојран 14.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.