Релативно сончев четврток


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, четврток, 24. февруари, ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 12 степени. Маврово 5, Охрид 9, Битола 11, Крива Паланка 8, Берово 6, Кавадарци 13, Дојран 14.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела.