Релативно облачно и студено време, со ветер од 100 км на час на планините


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер (повремено со брзина околу 100 км на час, особено на планините). Локално ќе провејува слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 2 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервал од минус 2 до 5 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус 2 степени и дневна до 2 степени.

Во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км на час).

Од петок следува постепено разведрување, па за време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под минус 10 степени.