Advertisements
Актуелно

Рекордни заработки: Банките се полнат со пари од камати и провизии

Банките во Северна Македонија рушат рекорди во поглед на заработка на годишно ниво врз основа на камати и провизии.

Стопанска банка оствари добивка од 44,5 милиони евра лани, НЛБ банка од 34, 5 милиони евра, а Комерцијална банка во 2018 година прокнижи добивка од 28,9 милиони евра – петте големи банки имаат импресивни резултати, но какви се показателите за сиот банкарски сектор.

„Фактор“ го анализира билансот на успех за сите банки, а анализата покажува дека банките лани срушија нов рекорд по остварената добивка. Имено за цела година банките во земјава имаат добивка по оданочување од 135,8 милиони евра. Ова добивка е за дури над 27 проценти повисока од остварената во 2017 година кога банките прикажаа позитивен финансиски резултат од 106,5 милиони евра.

Податоците од билансите на успех кои ги објави Народната банка покажуваат дека најголемиот дел од оваа добивка ја креирале големите банки кои лани прикажале профит од над 128 милиони евра. Добивката на средните банки изнесува над пет милиони евра, додека сите мали банки имаат добивка од 2,7 милиони евра.

Билансите покажуваат дека банките лани оствариле приходи од камати во вкупна вредност од 318,8 милиони евра, а нето приходите од камати се 250 милиони евра. Банкарите наплатиле на име провизии и надоместоци од граѓаните и фирмите дури 7,5 милиони евра.

По банки, најголема добивка прокнижи Стопанска банка Скопје или во 2018 година банката има добивка од 44,5 милиони евра. Оваа добивка е за 11,4 милиони евра поголема од добивката на банката во 2017 година.

НЛБ Банка има прифит од 34,5 милиони евра, додека Комерцијална банка ја заврши годината со добивка од 28,9 милиони евра. Добивката на Охридска банка Сосиете женерал е околу 9,4 милиони евра.

Инаку Фактор веќе пишуваше дека најголемите четири банки во земјава имаат бруто кредитни пласмани во износ од 3,4 милијарди евра на крајот од 2018 Во споредба со крајот на 2017 година вредноста на бруто кредитите пласирани во македонската економија е поголема за 170,8 милиони евра.

Извор: Фактор

Advertisements

Најпопуларно

To Top