Рекордни бројки во авиотранспортот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите на Министерството за транспорт и врски, низ Александар Велики и Св.Апостол Павле поминале вкупно 1 661 010 патници, што би било за 15,7% повеќе споредено со лани.

Доминантен удел во оваа бројка има скопскиот аеродром со 1 524 985, каде рекордот беше урнат за 13,9% споредено со една година порано, односно од Скопје полетале или слетале 1 338 470 патници во 2015-та година. Од Охрид пак, превезени се само 136 025 патници, што и понатаму претставува зголемување во однос на претходната година кога биле превезени 96 585 патници или 40,8% помалку.

Македонците најмногу патуваат во Истанбул-12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9%, Малме 4,8% и Лондон 4,3%. Рекордот се должи на проектот на Владата за финансиско поддржување на развојот на воздушниот сообраќај, кој резултира со се поголем борј на компании кои оперираат од аеродромите и се поголемиот број на нови дестинации со кои се поврзуваат нашите два аеродроми.