Рекордни 12.000 учесници од 58 држави трчаат на „Визер скопскиот маратон“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рекордни 12.000 учесници од 58 држави трчаат на „Визер скопски маратон“ кој почна во 8 и 30 часот.

Оваа година за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.500.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција.

Учесниците се натпреваруваат во четири трки: маратон (42 км), полумаратон (21 км), штафетна трка и трка на 5 километри.

Наградниот фонд изнесува 18 000 евра, а за најдобрите на маратонот кои ќе успеат да го освојат бонус критериумот во време, ќе можат да освојат 5 000 евра. Предвиден е и посебен фонд и за домашните маратонци.

На маратонот се присутни ќе трчаат пациенти со пулмоланхипертензија и нивното здружение„Момент Плус“, како и пациенти со цистична фиброза.

Волонтерите им помогнат на натпреварувачите полесно и безбедно да го завршат маратонот, им даваат инструкции за движење, ги нудат со вода, овошје и електролити, а помагаат и во регулацијата во сообраќајот, особено на пешачките премини.