Рекордерот во Лигата на шампиони избра за која репрезентација ќе игра?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Бенфика, Милер Свилар на мечот против Манчестер Јунајтед стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампиони.

Свилар го сруши рекордот на Икер Касиљас поставен во 1999 година и сана најмладиот голман кој настапил во ЛШ. Несомнено станува збор за најталентираниот голман во светот на негова возраст, па сега главно прашање е за која репрезентација ќе одлучи да настапува.

Свилар ги помина сите возрасни категории на белгиската репрезентација и моментално е голман на У19 селекцијата, меѓутоа во битката се вклучи и Србија бидејќи младиот голман има српско потекло.

„Станува збор за голем талент кој наскоро ќе го облече дресот на Србија. Во контакт сме со неговиот татко и наскоро ќе имаме состанок. Исто така во контакт сме и со стручниот штаб на Бенфика и ги имаме сите потребни информации“.

„Свилар поседува огромен потенцијал и веруваме дека ќе биде голема иднина на српскиот фудбал“, изјави директорот на српската Фудбалска Федерација, Горан Буњувчевиќ.

Младиот голман е син на југословенскиот голман Ратко Свилар кој е по потекло од Србија, а и неговата мајка е исто така од екс-Ју просторите, поточно од Босна.