Рекорден број на учесници ќе трчаат во недела на Skopje Run 10K


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преку 1.500 пријавени ќе учествуваат в недела на „Skopje Run 10K“, трка која втора година по ред ќе се одржи на улиците на македонската престолнина. Бројот на пријавени во однос на првото издание е речиси двојно големен.

Оваа година ќе се трча под мотото „Секој километар значи“ и трката ќе има хуманитарен карактер преку купувањето на хуманитарни километри за СОС Детско село.

Организаторот на трката – Сојуз на спортови на Град Скопје, потпомогнат од ко-организаторите Атлетски клуб Работнички, Атлетска федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи соопшти дека се е подготвено за непречено одвивање и безбедност на натпреварувачите.

Почетокот на „Skopje Run 10K“ е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на „Булевар Илинден“ и самиот финиш е на истата локација со тоа што трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.

„Пријавувањето за трчање „Skopje Run 10K“ е затворено, а за за сите кои сакаат да бидат дел од оваа приказна може преку #СекојКилометарЗначи да купат хуманитарни километри на smartrace.club. Секој километар е 100 денари, а тие кои ќе земат 4 километри или повеќе ќе добијат подарок маица Парго од линијата на Катарина Ивановска“, објави организаторот.