Вебкафе

Рекорд за жив уметник: Уметничка слика продадена за 90,3 милиони долари

Уметничко дело од британскиот сликар Дејвид Хокни во четвртокот, на аукциска продажба во Њујорк, беше продадено за 90,3 милиони долари, што претставува рекордна сум за која е продадено едно уметничко део од жив уметник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @david_hockney on

„Портерт на уметникот (Базен со два лика)“ со цената која ја достигна оддалеку ја надмина скулптурата „Balloon Dog“ од Џеф Кунс, која во 2013 година беше продадена за 58,4 милиони долари. Зад него е Герхард Рихтер, најскапиот европски уметник, чие дело „Abstraktes Bild“ во 2015 година беше продадено за 46 милиони долари.

Embed from Getty Images

Наддавањето организирано од Cristie’s почна со почетна сума од 18 милиони долари за споменатата слика, но границата од 50 милиони долари ја надмина за само 30 секунди. Уметникот Хокни нема да добие ништо од оваа сума бидејќи своето дело тој го продаде во 1972 година за сума од 20.000 долари.

Advertisements
To Top