Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главна ѕвезда на новата туристичка кампања на Австралија за привлекување британски туристи е славната пејачка Кајли Миног.
Триминутната реклама, која премиерно е претставена во Велика Британија пред Божиќното обраќање на кралицата, започнува со формално облечената Миног очигледно во Сандрингам, имотот на кралицата Елизабета II, пред да исчезне сцената и поп-пејачката се појавува на плажа со истото име во Австралија.
Кампањата од 10 милиони долари е најголемата инвестиција на пазарот во Велика Британија во последната деценија.
„Во време на неизвесност во Велика Британија, опуштениот музички подарок претставува симболична рака на пријателството од Австралија, која топло ги слави долготрајните и длабоките врски меѓу двете држави“, велат од маркетинг агенцијата.
Кампањата е темпирана во време кога Британците се соочуваат со зимски студ, но и во време кога австралиската туристичка индустрија ги мери потенцијално негативните ефекти од разорните пожари кои ја пустошат со месеци земјата.
Некои корисници на интернет го забележаа несовпаѓањето помеѓу реалноста на кризата со пожарите и сликите од рекламите што прикажуваат сино небо.
Рекламната кампања во која настапува и тенисерот Ешли Барти, олимписки пливач Јан Торп и поранешен играч на крикет Шејн Варн – е дел од тригодишна глобална кампања за туризам вредна 38 милиони американски долари.