Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руска погребална компанија ангажирала полуголи манекенки за реклама на фирмата со цел да продадат повеќе сандаци. Рекламната кампања ги шокира луѓето неколку месеци откако во земјата беше организиран морбиден саем на гробари.
Компанијата „Хороним“ од Москва ангажирала модели што позирале во долна облека околу ковчезите. Контроверзната реклама предизвика спротивен ефект од очекуваниот, па луѓето на социјалните мрежи го изразија својот гнев. Еден корисник напиша дека рекламата е невкусна и навредлива, а други ја опишаа како богохулие.
View this post on Instagram
„Ова е ужасно, луѓето ги изгубија сите граници. Светот полуде“, напиша корисникот.
Многумина истакнаа дека рекламата е навредлива за оние што ги погребуваат своите најблиски.
Според нивната веб-страница, „Хороним“ нуди погреби за сите религиозни средини, вклучително и православни (христијани), муслимани и Евреи. Тие исто така обезбедуваат специјални услуги за ВИП-гостите и оние со помал буџет.