Реклама на руски ресторан, кој остави БЕЗ ЗБОРОВИ: Забременете со фудбалер…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Компаниите кои сакаат да „боде очи“ со пропагандните пораки на СП во фудбал, мораат да смислат нешто навистина посебно. Идејата на познатиот ланец ресторани за брза храна беше толку невкусна, што потоа мораат да ветат дека такво нешто нема да се повтори.

Компанијата им вети на Русинките парична награда и бесплатна храна од својата понуда, и тоа до крајот на животот, доколку забременат со некој од фудбалерите, учесници на првенството во Русија. Целта е да се „обезбедат најдобри фудбалски гени“ и да се „осигура успех на руската фудбалска репрезентација во генерациите кои доаѓаат“.

Дотичната компанија се извини после се и најави дека ќе преземе мерки за вакво слично нешто да не се случи.