Актуелно

Регулаторна одлучи: Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика го усвои новиот ценовник за нафтени деривати, со кој се пресметуваат и малопродажните цени на горивата.

Со новата одлука од ноќеска на полноќ бензинот СУПЕР 95 ќе се продава поевтино за половина денар во однос на минатонеделните цени и ќе чини 66,50 ден./лит.

Цената на СУПЕР 98 не се менува и во следните седум дена ќе чини 69,00 ден./лит. Дизел горивото послапува за половина денар и ќе се продава по цена од 61,50 ден./лит.

Advertisements
To Top