Home Актуелно Регулаторна одлучи: Ново поскапување на горивата!

Регулаторна одлучи: Ново поскапување на горивата!

Бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот од полноќ ќе биде поскап за 2 денари за еден литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според последната одлука, ЕУРОСУПЕР БС95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари. Дизелот станува поскап за 2 денари и еден литар од полноќ ќе се точи за 54 денари.

Поскапува и маслото за домаќинство и неговата нова цена ќе биде 42,5 денари за литар.
Одлуката се правда со поскапувањето на суровата нафта на светските берзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…