Регулаторна комисија со нови цени: Од полноќ поевтинуваат горивата за 3,5 денари!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полнок горивата ќе зе намалат за 1,5 односно за 3,5 денари. Најголемо намалување е забележано кај Еуросупер БС- 98 за 3,5 денари, додека најмало намалување е кај Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денар по лита. Еуросупер БС-95 ќе се продава за 3 денари помалку по литар.

Односно, Еуросупер БС-98 ќе има цена од 73 денари по литар, Еуросупер ВС-95 по цена од 71,50 денари по литар, а дизелот по цена од 67,50 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинства ќе се продава по цена од 56,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1-НС се намалува за 0,995 денари по килограм, што значи дека новата цена е 37,414 денари по килограм.