Регулаторна ги објави новите цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетија, цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денар за литар и со тоа новата цена ќе изнесува 68,5 денари.

Цените на еуросупер БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар за литар.

Новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,5 денари за литар, на дизелот 61,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 34,849 денари.