Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓

Новите цени на горивата кои Регулаторна комисија ги усвои на последната корективна регулација стапуваат на сила од полноќ.

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,45, односно 2,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 63,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за 65 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе биде 49,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) ќе чини 38,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,656 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М1 НС и ќе изнесува 24,537 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,14 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,759 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,45, односно 2,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 63,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за 65 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе биде 49,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) ќе чини 38,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,656 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,537 денари за килограм.