Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Регулаторната комисија за енергетика апелира до граѓаните кои се склучени од системот на парно греење, а што добиле сметки за парно за април, истите да не ги плаќаат, бидејќи сметките ќе бидат сторнирани.
Исклучените од системот имаат рок до крајот на мај да поднесат документација до БЕГ и да докажат дека живеат или ги издаваат становите за да бидат ослободени од обврската за плаќање.
Потребно е да донесат копија од лична карта, имотен лист не постар од еден месец, извод од матична книга на родени на лицето што живее во станот или договор за издршка доколку во него живеат родителите, како и сметки за платена струја од последните шест месеци.
Доколку станот е даден под кирија, покрај овие документи треба да достави и договор за закуп.
Во некои случаи, БЕГ ги одбива барањата, најчесто поради нерешени имотно-правни односи, непокрената оставинска постапка и слично. Регулаторна бара во ваквите случаи граѓаните да поднесат претставка до РКЕ. Дневно обработуваат 100-тина вакви претставки од исклучените.