Регионалниот собир на фановите на Ливерпул ќе има хуманитарен карактер (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ливерпул е еден од европските гиганти со најмногу навивачи на овие простори, а „црвените“ од Балканот често отганизираат регионални собири.

9-от регионален собир ќе се одржи во Скопје на 27-ми октомври, на кој што ќе пристигнат навивачи на Ливерпул од целиот Балкан, а истиот ќе има и хуманитарен карактер.

На секој регионален собир се организира лотарија, а собраните средства од истата одат во хуманитарни цели. Овој собир нема да биде ништо поразличен. Овој пат собраните средства ќе одат за поддршка на лекувањето на Јана Арсовска, која боледува од редок вид на карцином, На Јана и е препорачано итно продолжување на лекувањето со имунотерапија во Барселона, нешто кое што чини преку 200.000 евра, а државата не го покрива.

„Бидувањето навивач на Ливерпул не подразбира само гледање на фудбалски натпревари и навивање за клубот. Toa значи почитување на цел систем на вредности како што се солидарност, заедништво и помагање на оној на кој му е тоа потребно. Заради сето ова, ве повикуваме и ве охрабруваме да учествувате во лотаријата со купување на талончиња чија минимална вредност ќе изнесува 50 денари и со купување на стикери и магнети кои ќе се продаваат на собирот. На тој начин секој ќе може малку да помогне во битката на Јана. Бидејќи повеќе индивидуални „малку“ прават едно колективно „многу”, велат навивачите на Ливерпул.

За сите навивачи од Македонија, на сликата подолу имате и телефонски броеви на кои можете да донирате средства во било кое време.