Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наглото зголемување на гладот во светот бара нов акцент што би бил ставен врз развојот на руралните економии, објавија денеска ОН.
По постојано опаѓање една деценија, во 2016 година се зголемил бројот на гладни во светот на 815 милиони луѓе или 11 проценти од светското население, кои се хронично недоволно нахранети.
Тоа претставува пораст од 38 милиони во однос на претходната година, соопштија ОН, и тоа делумно поради климатските промени и конфликти.
Во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), се вели дека стимулирачкиот раст во руралните средини би можел да биде клучен за борба против тој тренд и постигнување на целта поставена од страна на меѓународната заедница за елиминирање на гладот и сиромаштијата до 2030 година.
„Не може да има појасeн повик за будење“, се вели во годишниот извештајот на ФАО за состојбата со храна и земјоделство.
Засегнатите земји се главно во Азија и во субсахарска Африка, каде што земјоделци кои произведуваат 80 проценти од снабдувањето со храна се во опасност да бидат „оставени сами на себе”, се вели во извештајот.
„Инвестициите за подобрување на нивната продуктивност се итно потребни“, се вели во извештајот, нагласувајќи дека земјоделството треба да биде поврзано со малите и средните градови.