Референдумот во Богданци за рудникот Казандол успешен – 55,9% излезност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во општина Богданци заврши референдумското изјаснување на граѓаните. Според последните податоци од Општинската изборна комисија, до 18 часот, еден час пред затворањето на галсачките кутии, излезноста била 55,9 отсто, што значи дека референдумт е успешен.

Резултатите од референдумот се очекуваат околу 21 часот.

Жителите на оштина Богданци денеска на референдум се изјаснуваа дали се за или против изградбата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината.

Прашањата за кои се изјаснуваа се: „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање рудници на територијата на општината?“.

Во Избирачкиот список се запишани вкупно 6.918 лица, а се гласаше на 12 избирачки места.

Инаку, за да биде успешен референдумот, на гласање треба да излезат половина плус 1 од запишаните избирачи, а мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесат одлуката која е конечна и која општината ќе мора да ја спроведе.