Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аронија е зрнесто овошје, слично на боровинките и е високо отпорно на ниски температури, поради што често се нарекува и сибирска боровница.
Исклучително е богата со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата.
Еве десет важни и непобитни причини зошто треба често да консумирате аронија.
1. Најголем извор на антиоксиданси
– Аронијата има поголема концентрација на антиоксиданси од било кое друго овошје. Зошто тоа е толку важно? – Антиоксидансите ги штитат клетките во организмот од оштетувања. Исто така, аронијата има изразена способност за неутрализирање на слободните радикали. Аронијата при тестирање, во споредба со 276 прехрамбени намирници е број 1 антиоксиданс.
2. Го чува здравјето на уринарниот тракт
– Уринарните инфекции се честа појава, посебно Ешерихија коли. Симптомите на уринарна инфекција вклучуваат често чувство на полн мочен меур, често или болно мокрење и заматена урина.
Познато е дека брусницата е многу добра во превенција, но студиите покажуваат дека аронијата е за 5-10 пати поефективна поради големиот процент на кининска киселина за која е докажано дека спречува уринарни инфекции. Аронијата исто така го намалува растот а микроорганизми, неколку бактерии вклучувајќи и Ешерихија коли.
3. Ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува крвните садови
– За аронијата е познато дека ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува крвните садови и го намалува ризикот од срцеви болести. Слободните радикали помагаат во превенција и на други болести, како што се дијабетес и слично.
Зрелата аронија содржи висок процент на фенол кој ја дезинфицира крвта, го поттикнува заздравувањето на рани, ги отстранува токсичните супстанции од организмот, ги намалува воспаленијата и ја подобрува еластичноста на крвните садови.
4. Го нормализира крвниот притисок
– Аронијата помага во одржување на нормален крвен притисок. Темно пигментираните бобинки спречуваат грчеви во крвните садови и на тој начин го одржуваат притисокот во нормални граници. Сокот или чајот од аронија се препорачува на лица со проблеми со циркулаторниот систем.
5. Помага при лекување на дијабетес
– Направени се многу студии кој го анализирале ефектот од аронијата на заболени од дијабетес. Резултатите од една од студиите покажува дека аронијата не го зголемува нивото на шеќер во крвта, туку дури и го намалува. Корисна е за спречување и за лекување на дијабетес.
6. Чувар на желудникот и цревата
– Аронијата докажано помага при лекување на проблеми со желудникот, чир и дијареа. Оваа теорија е анализирана во една студија од 2004 година, а резултатите велат дека силните антиоксидантни својства на аронијата помагаат при третирање на акутна желудачна хеморагиска лезија кај глувци.
Оваа студија сугерира дека аронијата може да биде природен и ефикасен лек за лицата со гастрични проблеми. Сушената аронија, уште еднаш се покажа како исклучително важно овошје кое помага при проблеми поврзани со будрезите и желудникот.
7. Антиканцерогено дејство
– Ефектот на аронијата врз канцерот се покажал како делотворен, посебно кај оболени од рак на цревата. Студијата направена уште во 2003 година покажува како ова овошје дава природна заштита од рак на дебело црево.
8. Антивоспалителни својства
– Доколку редовно конзумирате аронија, можете лесно да избегнете настинка и грип. Својствата на овие фантастични бобинки се борат против бактерии, вируси и го зајакнуваат имунитетот.
9. Го чува здравјето на очите
– Големата количина на каротен штити од појава на катаракта. Аронијата е богата со флавоноидни антиоксиданси, како лутеин и зеаксантин кој има влијание во филтрирањето на УВ зраците, и на тој начин штити од макуларни болести кај постарите лица.
10. Помага при регулирање на телесната тежина
– Аронијата му помага на телото да спречи собирање на маснотии околу абдоменот, што е чест проблем со кој многумина се соочуваат. Аронијата го регулира нивото на лошиот холестерол во крвта, на начин на кој го претвора во добар холестерол.