Редок црн леопард забележан во Африка прв пат во 100 години (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Постои суеверие дека црните мачки носат несреќа. Но, кога Ник Пилфолд разбра за една таква која се шета низ централна Кенија, знаеше дека е на трага на нешто навистина специјално.

Биологот и неговиот тим фокусирани на кенискиот регион во 2018 година поставија сет камери-стапици низ грмушестата област од резерватот Лоисаба. За брзо време го снимија она на кое се надеваа и го очекуваа – несоборлив доказ за постоење на супер-редок меланистичен леопард (леопард со изразено црна боја на пигментацијата), пренесува National Geographic.

Црниот мажјак од овој вид беше забележан како патува со поголем леопард со нормална, природна боја на кожата, за кој се смета дека е неговата мајка.

Спротивноста на албинизмот, позната како меланизам, е резултат на генот кој предизвикува приближно црна или изразито црна боја на пигментацијата на кожата или крзното од животното. Меланистични леопарди со децении биле пријавувани дека се видени во Кенија, но научните потврди и докази за нивно постоење досега останале исклучително ретки.

До 2017 година, само еден забележан случај на меланистичен леопард беше официјално потврден, кој датира од 1909 година, фатен на фотографија направена во Адис Абеба, Етиопија.

(Насловна фотографија: Вил Барард-Лукас)