Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лондонска аукциска куќа „Бонамс“ на наддавање продаде редок примерок од едицијата книги за Хари Потер за речиси 100.000 долари.
Уникатен примерок од изданието на „Хари Потер и каменот на филозофот“ на наддавањето организирано во Лондон достигна цена од 90.000 долари.
Книгата била прво издание, прв печатено издание на романот што во 1997 година на широката публика им ги претстави Хари, Хермајни, Рон и остатокот од бандата во Хогвортс.
Тоа е една од околу 500-те примероци што постојат, според аукциската куќа „Бонамс“, и некогаш бил сопственост на првата книжевна агенција на Џ.К. Роулинг.
Книгата, исто така, има неколку печатни грешки, кои ја прават уште поуникатна. Зборот филозоф е погрешно напишан на задната корица, а списокот на потребни училишни материјали за Хари двапати содржи „1 волшебно стапче“.
„Бонамс“ рече дека книгата е продадена за 90.074 долари, па новиот сопственик можеби ќе сака да ја однесе на чување во банката Гринготс.
„Хари Потер и каменот на филозофот“ – или „Каменот на волшебникот“, како што е позната во Соединетите Американски Држави – е првиот од седумте романи во серијалот.
Минатата година веб-страницата на Роулинг Потермор објави дека се продадени повеќе од 500 милиони книги за Потер на 80 различни јазици.