Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Престижната аукциска куќа Сотби го откри идентитетот на купувачот на многу ретка оригинална копија од Уставот на САД.
53-годишниот Кенет Грифин, извршен директор на хеџ-фондот Citadel со седиште во Чикаго, го собори светскиот рекорд купувајќи документ од 1787 година на аукција во четвртокот, објави аукциската куќа Сотби, која ја организираше продажбата.
Неговото богатство се проценува на речиси 21 милијарда долари, според Форбс, што го прави 47-ми најбогат Американец. „Citadel“ управува со имот во вредност од 40 милијарди долари, според списанието.
Грифин понудил повеќе од група од 17.000 инвеститори со криптовалути, ConstitutionDAO, кои собрале 40 милиони долари за да го купат документот.
Грифин бесплатно ќе го позајми Уставот на музејот „ Crystal Bridges “ во Бентонвил, Арканзас, што исто така ќе го изложи бесплатно на посетителите, велат од Сотби.
„Уставот на САД е свет документ кој ги содржи правата на секој Американец и на секој што сака да тоа биде“, рече Грифин во соопштението објавено од аукциската куќа.
Тој додаде дека оваа копија од Уставот ќе биде достапна за гледање за сите Американци и посетители на музејот.
Сотби наведува дека оваа копија е една од само 13-те преживеани копии на Уставот, потпишан на 17 септември 1787 година во Филаделфија од основачите на Соединетите Држави, вклучувајќи ги Џорџ Вашингтон, Бенџамин Френклин и Џејмс Медисон.
Копијата е веројатно една од 500-те печатени копии еден ден пред потпишувањето.
Само уште една копија од Уставот на САД е во приватна сопственост. Станува збор за американската колекционерка Дороти Тапер Голдман.
Вредноста на документот минатиот септември беше проценета помеѓу 15 и 20 милиони долари. На крајот се продаде за повеќе од двојно повеќе, и тоа за само осум минути.