Редици за марихуана во Чикаго откако канабисот беше легализиран во Илиноис


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Голем број на жители на Чикаго направија долги редици чекајќи отворање на продавниците во кои ќе се продава марихуана откако вчера, први јануари, на сила од вчера стапи законот за легализација на канабисот за рекреативни употреби во сојузната држава Илиноис.

Меѓу првите купувачи беше и заменичката гувернер на Илиноис, Џулијана Стратон која купи гумени бомбони со марихуана. Таа изјави дека администрацијатана Илиноис со легализацијата на канабисот направила важен чекор напред.

„Овде сум за да го прославам големиот ден за Илиноис“, изјави Стратон.

Илиноис веќе дозволуваше употреба на медицинска марихуана, а сега е 11-та американска сојузна држава која дозволува продажба и рекреативна употреба. Законот им дозволува на сите постари од 21 година да поседуваат до 30 грама цвет на канабис или до 5 грама концентрат на канабис.

Властите на оваа американска сојузна држава се надеваат дека до 2022-ра година државата ќе заработи 250 милиони долари од канабис.

Исто така, еден од клучните делови на новиот закон е и амнестијата на оние кои имаа помали законски проблеми поради марихуаната. Во последниот ден од 2019-та година биле амнестирани повеќе од 11 илјади луѓе.

За националното здружение кое се противи на легализацијата на марихуана, новиот закон во Илиноис е лош сигнал.

Тие сметаат дека со тоа индустријата која заработува од марихуана се богати на сметка на маргинализираните заедници, како што тоа било случај со тутунот.