Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Студијата спроведена во Америка покажа дека 97% од луѓето погрешно ги мијат рацете, а нивната најголема грешка е во тоа што не ги перат рацете доволно долго.
Студијата која тамошното министерство ја спроведе во соработка со непрофитната компанија РТИ Интернешнл и Универзитетот во Јужна Каролина, тестирала 383 учесници во кујна. Експертите по пат на камера ги мониторирале учесниците кои подготвувале храна, и открија дека само три проценти од нив ги преземаат чекорите неопходни за правилно миење на рацете.
„Не можете да видите, намирисате или почувствувате бактериите“, велат замениците на подсекретаријатот на американското министерство за земјоделство, Кармен Ротенберг.
„Со едноставно и правилно миење на рацете можете да го заштите своето семејство и да го спречите ширењето на бактериите кои ја контиминираат храната и површината на кујната“, истакна таа.
Најголемата грешка која учесниците ја правеле е тоа што не ги миеле рацете со сапун и вода во минимално траење од 20 секунди. Всушност, многумина од нив не користеле сапун, а некои не ги исушиле добро рацете.
Како последица на тоа, експертите утврдиле дека учесниците на студијата пренеле бактерии на работите кои се користат во кујната, на пример во 48% од случаите ги контаминирале садовите со зачини кои биле користени во подготовката на храна.
Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, 48 милиони Американци секоја година се разболуваат како последица на конзумација на контаминирана храна, а 3000 луѓе поради тоа умираат.