Речиси 5.000 фирми се затвориле во Македонија во првите 6 месеци од оваа година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во првите шест месеци од 2022 година, според податоците на Централниот регистар, речиси 5.000 фирми во Македонија се затвориле. Најголем дел од нив се од трговијата, објекти за сместување, но и од преработувачката индустрија. Економистите предупредуваат дека годинава таа бројка ќе биде поголема од претходните години.

Глобалната криза наместо да спласнува се засилува, неизвесноста е голема, поради што очекуваат во следните месеци и други компании да згаснат. Парите наместо за помош, сега ќе се насочат за враќање на кредити со високи камати.

По пандемијата, проблемите продолжија руско-украинскиот конфликт и енергетската криза која драстично ги зголеми трошоците на фирмите.

Најголем број на фирми се затворени во Скопје (1.766), Тетово (277), Куманово (220), Гостивар (200), Прилеп (188)…

Најмногу затворени фирми се од секторите трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање.