Реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ завршува во 2021 – на кланот Кардашијан им донесе милијарди долари заработка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кланот Кардашијан/Џенер го најави крајот на нивното семејно реално шоу „Keeping Up with the Kardashians“, кое ќе заврши по претстојната, 20-та сезона, односно наредната 2021 година. Семејството тоа го соопшти на Инстаграм.

„Со тешко срце мора да се збогуваме со шоуто ‘Кардашијанови’. По 14 години, т.е. 20 сезони, стотици епизоди и неколку спин-оф емисии, решивме како семејство да го завршиме ова толку специјално патување. Ние сме премногу благодарни на сите вас што нè следевте сиве овие години – низ добрите и лошите времиња, среќата, солзите и многуте врски и деца. Засекогаш ќе ги имаме прекрасните спомени и оние безброј луѓе што ги сретнавме на ова патешествие“, стои во известувањето.

Реалното шоу започна со прикажување 2007 година. Благодарение нему, меѓу другото, супермоделките, и подоцна инфлуенсерки – Ким и Клои Кардашијан, Кајли Џенер, но и другите, заработија милијарди долари.