Реал спреми 300 милиони и прави компетна револуција


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кризата во Реал Мадрид ќе биде „излечена“ со сума од 300 милиони евра за летни трансфери, пренесува денешното издание на „Марка“.

„Кралевите“ немаат направено „галактички“ трансфер од 2014 година кога за 80 милиони евра на „Сантиаго Бернабеу“ пристигна Хамес Родригез. Но следното лето Флорентино Перез ќе го одврзе кесето и ќа предизвика вистински „земјотрес“ на европскиот пазар.

Денешното издание на „Марка“ откива дека Реал Мадрид на располагање ќе има голем трансфер буџет, односно 300 милиони евра.

Најголема желба на Перез е Нејмар во кого гледа како идеална замена за Кристиано Роналдо, па е спремен да потроши голема сума пари за да го донесе Бразилецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Голема желба на „кралевите“ се и двете големи ѕвезди од Премиер лигата, Еден Азар и Хари Кејн чија вредност исто така е проценета на околу 200 милиони евра.

„Марка“ пренесува дека на трансфер списокот на Реал се уште и Давид де Геа и Роберт Левандовски.

Буџетот од 300 милиони евра дополнително ќе се зголеми со продажба на играчи како Бејл и Бензема, а можно е и Роналдо да биде продаден доколку пристигне адекватна понуда.