Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид на лето спрема голема реконструкција на тимот, а примарна цел ќе биде младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесуваат шпанските медиуми.
Претседателот на „кралскиот“ клуб, Флотентино Перез веќе најави купување на неколку фудбалски ѕвезди, а за обесштетувањето на Рашфорд е подготвен да одвои околу 100 милилиони фунти.
Токму тоа е и причината поради која Рашфорд одолговлекува со потпишување на нов договор со Манчестер Јунајтед.
Младиот Ангчинец моментално е еден од најслабоплатените фудбалери на „Олд Трафорд“, а Манчестер Јунајтед му нуди нов договор со неделна плата од 200.000 фунти.
Реал наводно веќе остварил контакт со неговиот агент и сака по секоја цена да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.