Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е сериозен во намерата во своите редови да го донесе Килијан Мбапе, па според најновите информации е спремен да ги задоволи дури и желбите на неговите родители.
Најтрофејниот европски клуб е спремен да ја израмни понудата на Манчестер Сити, односно да понуди 130 милиони евра за ѕвездата на Монако. Предност за „кралевите“ е што желбата на Мбапе е да се пресели во Мадрид и да заигра за Реал.
Меѓутоа Французинот и неговите родители сакаат следната година тој да игра на Светското првенство во Русија и поради тоа сакаат уште една година да остане во Монако.
Како што пренесува „АС“ Флорентино Перез е спремен да му ја исполни и оваа желба па планот е да го купи фудбалерот за 130 милиони евра, да го собори светскиот трансфер рекорд, и да го остави на позајмица во Монако една сезона.
Ова би била и за Монако и за играчот феноменална понуда, која тешко може да биде одбиена, а Реал ќе ја добие трката за неговиот потпис.