Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Екипата на Монако оваа сезона е апсолутен хит во Франција и Европа, па многу европски гиганти внимателно ги следат младите ѕвезди на тимот од „кнежевството“.
Еминентниот „Екип“ денес пренесува дека Реал Мадрид „фрлил око“ на двајца фудбалери на Монако, а станува збор за Килијан Мбапе и Бернардо Силва.
18-годишникот Мпабе импресионираше со својата игра во мечот против Манчестер Сити, но и со своите настапи во француската лига, па за него експертите тврдат дека е „новиот Тиери Анри“.
Покрај Мбапе во очите на скаутите на Реал се импресионирани и од Бернардо Силва. Португалецот всушност беше поврзуван со „кралскиот“ клуб уште минатото лето, но блескавата партија на „Етихад“ повторно го активираше интересот кај Реал.
Со оглед на тоа дека разделбата со Хамес Родригез е се пореална и поизвесна опција, Силва би бил идеална замена за Колумбиецот и долгорочна инвестиција на „кралевите“.