Реал прифати 60 милиони за Хамес, но тој не сака во Италија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Дон Балон“ синоќа лансираше вистинска „бомба“ и потврди дека Реал Мадрид ја прифатил понудата на Милан од 60 милиони евра за Хамес Родригез.

Одличниот 25-годишен Колумбиец е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи е свесен дека не е во плановите на Зинедин Зидан за следната сезона.

Од друга страна Милан бара „десетка“, врвен играч за врска, па кинеските сопственици се убедени дека Хамес е вистинскиот избор.

„Дон Балон“ тврди дека Реал Мадрид ја прифатил понудата од 60 милиони евра на „росонерите“, но проблем е што играчот не сака да се пресели во Италија.

Желбата на Хамес Родригез е преселба во Премиер лигата, односно во Манчестер Јунајтед и е спремен да чека понуда од „црвените ѓаволи“, кои пак не сакаат да платат 60 милиони евра за неговиот потпис.

Интерес за Колумбиецот покажува и ПСЖ, па останува да видиме во наредните недели како ќе се одвива ситуацијата, но јасно е дека ќе го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок.