Реал одлучи: Асенсио е на продажба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид одлучи да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат ова лето за Марко Асенсио, пренесуваат шпанските медиуми.

Иако само пред една година „кралевите“ одбиваа астрономски суми за Асенсио, сепак 12 месеци покасно се спремни да го продадат бидејќи не се вклопува повеќе во плановите на Зидан.

Асенсио важеше за еден од најголемите таленти во Европа и после заминувањето на Роналдо се очекуваше конечно да „созрее“ и да преземе лидерска улога во тимот, но тоа не се случи минатата сезона.

Зидан не може да му гарантира голема минутажа следната сезона, па и самиот фудбалер е спремен да ја промени средината.

„Кадена Сер“ тврди дека Реал ова лето ќе продаде неколку ѕвезди како Бејл, Иско, Васкез…а меѓу нив може да биде и Асенсио.

Интерес за 23-годишниот крилен напаѓач покажуваат клубовите од Премиер лигата како и Баерн Минхен, а Реал за неговата слобода ќе бара помеѓу 90 и 100 милиони евра.