Реал не памети ваква криза: „Кралевите“ на колена и пред Леванте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид продолжи со лошите резултати во Примера и попладнево беше поразен од Левнте на „Сантиаго Бернабеу“ со 1:2.

Барди и дружината ги шокираа „кралевите“ уште во 7-та минута со голот на Моралес, а само пет минути подоцна судијата со помош на ВАР дусуди пенал кој Роџер го претвори во 2:0.

„Кралевите“ иако напаѓаа не успеаа да постигнат гол се до 72-та минута, кога погоди Марсело, а тоа е апсолутен негативен рекорд во историјата на клубот (ОВДЕ).

До крајот Реал не успеа да избегне пораз, а ова е петтиот натпревар на кој „кралевите“ се без победа, па позицијата на Лопетеги е сериозно загрозена.