Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид размислува да ја активира клаузулата во договорот на својот младинец, Марио Емросо кој во моментов е во сопственсот на Еспањол, пишува „Марка“.
Дефанзивецот е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, откако „јорганџиите“ постигнаа договор со Еспањол и се согласија да платат 20 милиони евра за неговиот потпис.
Во 2017 година Реал Мадрид го продаде Емросо со услов да добие 50% од неговиот следен трансфер. Притоа, „кралевите“ имаат можност да го откупат играчот ова лето за сума од 7,5 милиони евра.
23-годишниот дефанзивец беше на чекор да се врати на „Сантиаго Бернабеу“ во јануари, но тогаш Солари во последен момент го откажа трансферот.
Марио Емросо цели 12 години беше дел од академијата на Реал Мадрид, но никогаш не доби шанса во првиот тим.