Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесува „Дон Балон“.
„Кралевите“ имаат проблеми во одбраната од почетокот на сезоната, па Зидан смета дека 24-годишниот Скриниар би бил идеално засилување.
Раководството на Реал Мадрид наводно веќе почнало да работи на трансферот и се очекувада ја испрати првата понуда уште во јануари.
Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесна задача за „кралевите“, бидејќи од Интер не сакаат да слушнат да се разделат од својата ѕвезда. Притоа, интерес за Словакот покажува и Манчестер Сити, кој нема да жали пари да го донесе на „Етихад“.
Скриниар пред две години пристигна во Интер за 34 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па неговата цена драстично порасна.