Реал Мадрид во Минхен ја најде замената за Марсело


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид покажува сериозен интерес за левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба, пренесуваат шапснките медиуми.

„Кралскиот“ клуб во Алаба гледа идеален наследник на Марсело, па веќе стапил во контакт со неговите агенти.

Договорот на 26-годишниот австриски репрезентативец со Баерн Минхен истекува во 2021 година, а неговата моментална вредност се проценува на 55 милиони евра.

Веќе е познато дека Баварците на крајот на сезоната ќе се засилат со Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид, кој игра на истата позиција како Алаба.

Австриецот иако е поливалентен играч и може да игра во средниот ред, сепак Баварците нема да му стојат на патот и се спремни да го продадат, а Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација.

„Кралевите“ на крајот на сезоната ќе се разделат со Марсело, кој според последните информации веќе се договорил со Јувентус, па Алаба би бил идеална замена за Бразилецот.

Алаба целата своја кариера ја помина во Баерн Минхен, каде се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Оваа сезона запиша 32 настапи за Баварците на кои постигна 2 гола и 4 асистенции.