Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид во четврток ќе го претстави бразилскиот суперталент Винисиус Жуниор, пренесува „Марка“.
Бразилецот наполни 18 години на 12-ти јули, а денес се очекува да пристигне во шпанската престолнина.
Првичните планови на „кралевите“ беа да го дадат на позајмица тинејџерот на една сезона, но трансферот на Роналдо во Јувентус најверојатно ќе ги промени плановите и Винисиус ќе биде интегриран во првиот тим.
Реал Мадрид го договори трансферот на Винисиус од Фламенго уште во мај 2017 година за 45 милиони евра, но се чекаше талентот да стане полнолетен за да се придружи на „кралевите“.