Реал Мадрид влегува „all-in“ за Садио Мане


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака во својот тим да го види фантастичниот Сенегалец, Садио Мане.

Како што е познато, Реал ќе прави реконструкција на тимот, а Зидан сака еден од новите фудбалери да биде Садио Мане.

Па така, Кралевите наводно одлучиле да понудат интересна размена. Тимот од Мадрид за Сенегалецот го нудат францускиот дефанзивец Рафаел Варан.

Сепак, прашање е дали Варан ќе прифати преселба на Енфилд. Последните шпекулации се дека тој преферира трансфер во Јунајтед, кој клуб е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Претходно, „Марка“ потврди дека Варан одбил да го продолжи договорот и побарал трансфер во летниот преоден рок.

Како што Французинот има желба да замине, така и Реал планира тоа да го искористи. Ќе го понуди на Ливерпул во замена за Мане и се надева дека од „Енфилд“ ќе стигне позитивен одговор.

Од друга страна пак, тимот од „Енфилд“ за овој 26-годишен Сенегалец постави висока цена и бара 130 милиони евра.

Денешното издание на „Марка“ тврди дека претседателот Флорентино Перез нема да жали пари за да ги исполни желбите на Зинедин Зидан, а Мане е на врвот на листата желби на Французинот.