Реал пред рушење на рекорд стар 83 години!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид одлично ја започна сезоната па сега се наоѓа на само чекор пред рушење на рекорд стар 83 години, осносно рекорд на Атлетик Билбао кој датира уште од сезоната 1932/33.

Мадриѓаните до сега на седум гостински натпревари постигнаа 21 гол што во просек е три по натпревар и само два гола ги делат од рушење на рекордот на Баскијците.

Имено, Билбао и ден денес го држи рекордот по бројот на постигнати голови на гостувањата со оглед на фактот дека „црвено-белите“ 28 пати ја треселе противничката мрежа во првите девет натпревари.

Поради тоа натпреварите на Реал со Севиља и Селта се важни за „кралскиот“ клуб па мора да постугнат седум или повеќе гола за да го срушат рекордот стар 83 години.