Спорт

Реал Мадрид најави тужба за црвениот картон на Модриќ

Лука Модриќ во саботата доби црвен картон против Селта, откако на аут линијата згазна противнички фудбалер.

Судијата Хавиер Естрада по прегледување на ВАР-снимката го исклучи Хрватот, па Модриќ се огласи на социјалните мрежи и порача дека судиската одлука не била праведна.

„Исклучен сум поради случајна акција. Неверојатно…“, порача Модриќ.

Во судискиот извештај пишува дека Модриќ со нога го удрил противникот по Ахиловата тетива без можност да стигне до топката, па плејмејкерот може да добие до три меча суспензија.

Меѓутоа, во Реал Мадрид не се согласуваат со тоа и нема да седат мирно, па најавија жалба до раководството на лигата.

Advertisements
To Top