Реал Мадрид на Сити му предлага спектакуларна трампа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат шпанските медиуми.

24-годишниот Англичанец се еталблираше во еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Премиер лигата, па и во Европа.

Од почетокот на сезоната Стерлинг има одиграно 11 меча за Манчестер Сити во сите натпреварувања, на кои постигна 9 гола и запиша 2 асистенции.

Поради тоа го привлече вниманието на Реал Мадрид, кој верува дека Англичанецот ќе биде идеално засилување за тимот на Зидан.

Меѓутоа, на „кралевите“ воопшто нема да им биде лесно да го договорат овој трансфер бидејќи Стерлинг има договор со „граѓаните“ до 2023 година.

Поради тоа Реал е спремен да му понуди на Сити интересна трампа. Имено, „кралевите“ се спремни да понудат 80 милиони евра плус Герет Бејл, а не е исклучено во трансферот да биде вклучен и Иско.

Сити веќе му понуди нов договор на Стерлинг со подобри финансиски услови, но напаѓачот се уште нема ставено потпис, па тоа е надеж за Реал Мадрид.