Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Брахим Дијаз е еден од најголемите таленти во академијата на Манчестер сити, но се чини дека наскоро би можел да ја промени средината.
Дијаз пристигна во Манчестер Сити како млад талент од Малага, сега има 19 години и би можел да го напушти клубот во потрага по поголема минута.
Проблем за „граѓаните“ е што договорот на Шпанецот истекува на крајот на сеозната, па играчот ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.
19-годишниот фудбалер одбива да потпише нов договор со Манчестер Сити, а таквата ситуација се обидува да ја искористи Реал Мадрид и тоа, верувале или не, со помош на братот на Гвардиола.
Имено, Пере Гвардиола е агент на младиот фудбалер и веќе започнал преговори со „кралевите“, кои се спремни да ја победат конкуренцијата и да го „украдат“ Дијаз уште во јануари.
Real Madrid are trying to convince Spanish midfielder Brahim Diaz not to renew his contract with Manchester City. (Source: AS) pic.twitter.com/OaTsUnp3RQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 21, 2018