Реал Мадрид испрати порака до Интер: Модриќ се сликаше со новиот дрес!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Лука Модриќ е една од најжешките теми ова лето на трансфер пазарот и се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Интер.

Медиумите во Италија се сигурни дека Модриќ веќе му кажал ДА на Интер и дека наскоро ќе побара од претседателот Перез да му биде дозволен трансфер.

Реал не сака да се раздели од својата ѕвезда и ќе направи се за да го убеди да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Последните сиганли кои доаѓаат од Мадрид не се охрабрувачки за „нероаѕурите“. Имено, Модриќ позираше со новиот дрес на „кралевите“ за следната сезона.

Притоа, Реал преку својот Твитер профил го објави Модриќ како заштитно лице за новата кампања на дресови за сезоната 2018/19.