Реал Мадрид го сменува грбот поради муслиманите!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Екипата на Јувентус пред неколку дена го промени долгогодишниот грб, па историјата и традицијата ја замени со модерен дизајн што наиде на поделени реакции кај навивачите на овој клуб.

Меѓутоа, Јуве нема да биде единствениот европски гигант кој ќе го промени визуелниот идентитет. По нивните стапки ќе тргне и Реал Мадрид, чии грб исто така ќе биде променет.

Имено, Реал Мадрид ќе ја измени круната на логото и ќе го тргне традициналниот христијански крст на облеката која ќе се продава во неколку земји на Средниот Исток.

Ланец на продавници од Обединетите Арапски Емирати, доби ексклузивно право да произведува, дистрибуира и продава брендирани продукти од Реал Мадрид во ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Бахраин и Оман.

Во овие земји мнозинството од населението се муслимани, па логото на Реал Мадрид ќе претрпи промени. „Кралевите“ ќе ја изменат круната, односно ќе го тргнат традиционалниот христијански крст.

Ова не е прв пат логото на Реал Мадрид да претрпи измени. Во 2014 исто така беше тргнат крстот кога логото на „Кралевите“ беше користено од спонзорот Национална Банка на Абу Даби.