Спорт

Реал Мадрид го договори „новиот Кака“

Еден од најталентираните бразиски фудбалери, Аугусто Галван се наоѓа пред потпишување договор со актуелниот европски шампион, Реал Мадрид.

Галван има 17 години и моментално е член на „Сао Паоло“, а неговиот договор со бразилскиот клуб истекува на крајот на сезоната.

За потписот на „новиот Кака“, како што го нарекуваат бразилските медиуми, се бореа Реал Мадрид и Барселона, но „кралевите“ успеаа да ја добиат битката.

Според европските прописи, Галван ќе може да потпише договор со Реал Мадрид на 25 март следната година, кога ќе стане полнолетен.

Advertisements
To Top