Реал купи ново бразилско „дете“ за 45 милиони евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид го финализираше трансферот на 17-годишниот бразилски „бисер“Родриго од Сантос.

За Родриго силен интерес покажуваше и Барселона, но Каталонците понудија 20 милиони евра, кои Сантос експресно ги одби.

Таквата ситуација ја искористија „кралевите“ да го „украдат“ талентот пред носот на Барселона.

„Глобоеспорте“ пренесува дека Реал и Сантос постигнале договор за трансфер вреден 45 милиони евра, сума која е многу блиску до откупната клаузула која изнесуваше 50 милиони евра.

Ова е втор бразилски талент кој ќе биде купен од Реал Мадрид, Пред една година „кралевите“ за 45 милиони евра го купија Винисиус од Фламенго.

Винисиус и Родриго важат за најголеми таленти во Бразил и двајцата се најавуваат како наследници на Нејмар.