Реал и краде на Барселона засилување од „пред нос“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона е блиску од освојување на Примера и се пласира во финалето од Лигата на шампиони, но и покрај тоа раководството веќе бара засилувања за следната сезона.

Зинедин Зидан сака да го засили тимот во сите линии, одбраната, средниот ред и нападот, а последно име кое се најде на списокот на „кралевите“ е младата ѕвезда на Ајакс – Давинс Санчез.

Овој 20-годишен репрезентативец на Колумбија важи за еден од најталентираните стопери во светот, а познато е дека за него силен интерес покажува и Барселона.

Сепак Каталонците не сакаа да платат 25 милиони евра за неговиот потпис, сума која за Флорентино Перез е сосема нормална за таков талент.

Медиумите пишуваат дека Реал веќе започнал преговори со Ајакс бидејќи сметаат дека тандемот Санчез – Варан ќе биде тандем за иднината.